гледа (гл.) - таков (зам.)

Таа се обидуваше да си го претстави како изгледа сега, но не можеше, оти секогаш го гледаше таков, каков што си го знаеше од пред дваесет и две години, кога ја остави.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Нејзиниот поглед имаше продолжено траење и тоа само во дел од мигот по кој се враќаше назад со нешто одземено од мене како зрнце песок (скриена или заталкана мисла, спомен, копнеж, што ли?), а времето беше прекратко за тоа задоволство бидејќи веднаш потоа повторно го чувствував тој допир на погледот според ритамот на отворањето и затворањето на нејзините клепки (сфатив кога веќе станавме едно, дека таа знаеше да ме гледа и со затворени очи и ми велеше дека ме гледа не како што ме сака, туку ме гледа таков каков што сум, и дека таа таков ме сака) и сè така во продолжено траење, а јас бев сигурен дека ваквиот поглед беше упатен само кон мене и дека само за мене тој можеше да биде таков со нијанси на галовност во допирот кој во тој момент беше физички, или така ми се чинеше, кога веднаш потоа или можеби во тој ист миг ќе ја почувствував мекоста на нејзините ситни прсти во таинствена игра на моите слепоочници.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
А вие страдни души кои што на времето не можевте да ги поднесете вашите пријатели кои што гледаат таква глупост како Династија, кај сте сега?
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Сум гледал таква опрема во Скопје. Во некои продавници.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сестра ми не можеше веќе да ме гледа таква.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Крстовица забави чекор во кој Кузе забележа страв. Ликуваше кога гледаше такви.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ете, сакаш, ќе те наградам и пушти ме...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Ти немој мене да ме учиш што е стрниште! - строго ѝ подвикна Кузе.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Василопулос ја фрли цигарата на подот, ја изгази со тешката чизма, и испуштајќи го чадот низ нос, рече со зарипнат глас: - Значи, почнаа и кражбите... - и, одејќи кон Крстовица ја праша – Што имаш во торбата?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ако го гледаш таков, недоветен и турни бука.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Со лошо: ѝ викаше, ѝ го пцуеше слабиот карактер, лакомоста, ѕверчето што ѝ вие во стомакот и ѝ бара храна; ѝ велеше нека тропа колу што сака, нека вика, грлото нека го искине - нема да ѝ отвори, зашто не може веќе да ја гледа таква, не може веќе да ја носи по бањи и лекари, и дека ова што ѝ го чини - е последно.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Па и на луѓето од okno.mk 203 средната и од помладата генерација ќе им биде пријатно да гледаат такви емисии.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во исто време, заради баланс и почитувајќи ги навиките и вкусот, сочувувајќи го здравјето на постарите генерации, се продолжува со создавање на меки дела (еден или два канали на телевизија, истото на радио).
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)