гледа (гл.) - себеси (зам.)

Ги чувствуваше ударите со пендреци по лактовите и со потковани чизми по потколениците; се гледаше себеси како се прпелка по подот, како вреска за милост низ искршените заби.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, токму таа точка беше нејзиниот екран, се гледаше себеси но и оној кој беше „искован“ од нејзиниот сон.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Одговорите ќе бидат дисеминирани низ оваа делумно уморна „Маргина“ што повремено, во моментите на некаква шизоидна луцидност, зад живиниот слој на огледалото, токму низ таа мочуришна магла и бледи одблесоци, се гледа себеси само како жаба што голтнала бисер, само ко некое генетски первертирано пајче со вграден, и до мачнина репетитивен, сон за лебед.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кога набљудувачот се гледа себеси, тој гледа најразлични форми: Agostino Remelli, Машина за читање се претвора во сонце, животно, скелет, билка, сѐ со сѐ може да биде споредено.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кога ги отвори очите, сѐ уште заслепен од светлината на сонцето, за миг му се причини како да се нашол во некое друго време, во некоја друга димензија, и како пред себе да се гледа себеси, само по некои триесетина години.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Само за миг се гледаше себеси во иднината, како некој невидлив Дикенсонов дух на идниот Божик да му покажал како може да биде...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Оттогаш, синот на Тајко почна да се гледа себеси како веќе жртвуван.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Прифаќањето на стигмата на хомосексуалноста станува возможно како тактика за нејзино надминување единствено кога оние што ја прифатиле исто така и одбиваат да ја признаат како вистина за своето битие, кога ќе одбијат да се гледаат себеси како сосема, докрајно, неотповикливо опишани од неа.214 Да се откажеш од полагањето право на достоинство е да платиш мала цена за растурањето на сериозноста и автентичноста на натурализираните идентитети и хиерархии на вредности кои те унижуваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Од 1970-тите наваму, ако не и од порано, геј-мажите имаат обичај да прават злонамерни генерациски споредби помеѓу геј-момците што се тинејџери или што имаат дваесет и некоја година – современите, ослободени, просветлени, напреднати, „сосема нераспознатливи од стрејт-момците... [и] крајно спокојни што се геј“ (како што напиша Ендру Холеран во 1978 г.), кои сосема добро си се вклопуваат во главнотековното општество, кои никогаш не доживеале хомофобија меѓу врсниците, кои не се гледаат себеси како припадници на никаква геј-заедница и на кои не им треба никаква геј-култура, од една страна, и три-четириесетгодишните (или дури и постари) геј-мажи, заглавени во некаква фанатична верност на некаков демодиран, застарен вид геј-култура, убедени дека тоа е единствената геј-култура што постои, задолжителната култура на секој што, ете, е геј.42
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Согласно со тоа, заклучив дека она што геј-мажите најмногу го сакаат е тоа што отсекогаш им се одрекувало – односно, можноста да си го афирмираат идентитетот на геј-мажи така што ќе се гледаат себеси буквално претставувани во (на пример) машката геј-литература и така што ќе учествуваат во отворена, достоинствена, експлицитна и заедничка машка геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Раскажуваше полека како да се плаши да не се засркне од многуте зборови, го гледаше настанот и се гледаше себеси во тој настан, со жестока горчливост во гласот се исповедаше пред седуммина гости.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Малку поблед отколку што мислев во дворот, и не блед колку варовничав или изветвен од подмолен јад на човек со товар несреќи на срцето, домаќинот ги потпираше тешките дланки на софрата со секакви трошки од вечерата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Набожно се гледал себеси во светлост на идни божествени зори и ги пцуел четворицата шутови на своето подбивно кралство.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Болката во непцето од кое му биле истерани забите со удар на беговски кундак го раздразнувала и се враќала при најмал допир, и тој ја пуштил, се обидел да ја тргне главата од нејзиното рамо и веќе не знаел ја прегрнува ли или ја бута од себе; нејзините раце, како таа да барала заштита во паѓањето, останале склопени во топла алка околу неговиот врат додека топлината на женското движење му го заплиснувала издолженото лице.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Гледал во страшно наголемените очи, се гледал себеси во црнките на девојката.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ме повикува врсникот Неделко Шијак, пак шепотел со стиснати шепи на градите божем држи рабови на миросано платно со кое си ја штити душата од отровни повити, но Богоја Гулабарин, Пане Долгманов, Цветко Грнар и Илчо Просинек, веќе се здоговориле ојуначени од ракија да ги здружат сурите волиња во две двоколки и пак во ново јунаштво се клештеле и се подбуцнувале со лакти превесели и за свадба; со сладосни гласови од кои и птици ќе се разбуделе го распрашувале старецот кога ќе се стрчне подмладен и избричен кон цицлестата Фиданка да ѝ го покаже мускулестиот стомак и сѐ друго што е машко на неговата ластареста става; им говорел со ѓаконска самоувереност - Ќе дојде потоп, господ ќе ме држи да не потонам а вие ќе пекате по мене и ќе ме молите ропски рачињата извалкани да ви се држат за учкуров, да ве влечам по бранови и пени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На пример: „собата“ е продупчена и пациентот се гледа себеси како истекува.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Звукот не се гледа себеси како мисла, како “треба”, како нешто на кое му е потребен друг звук за да го разјасни, како итн; тој нема време за никакво разгледување - тој е зафатен со изведувањето на своите доблести: пред да исчезне, тој мора совршено да ја означи фреквенцијата, гласноста, должината, структурата на аликвотните тонови, прецизната морфологија на сето ова и на себе самиот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Како да се гледам себеси во неговата младост. Еееех...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Јас се наведнувам над изворчето да се напијам вода и наеднаш се уплашувам од тоа што го гледам во водата. Се гледам себеси, а не се познавам. Како туѓо лице да гледам во водата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)