гледа (гл.) - себе (зам.)

Телевизорот самиот се гледа себе си, сите светилки се запалени, боже прости ми како да умрел некој.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се гледам себе како чувам стража.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Знаеше дека веќе се гледаат себе си како го совладуваат длабокиот снег, а знаеше дека ќе биде најдобро кога би ги држало тоа до вечер, сѐ додека не стасаат во селото. Го ценеше тоа чувство во нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Циљка заспиваше последна. Со скоро замижани очи таа напнато вслушана во дедовото раскажување, се гледаше себе си како добра самовила којa им помага на сакатите и слепите, на гладните и жедните, заскитаните ги изведува на пат, се гледаше како во шумата си игра со зајачињата и верверичките и како со долга расплетена коса и со бел фустан до пети - игра по ливадите и лединките и собира цвеќе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)