гледа (гл.) - се (зам.)

Пејзажот во кој гледаше се појавуваше толку често во неговите соништа што никогаш не беше сосем сигурен дали го видел некогаш во вистинскиот живот или не.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еден ден гледам се собрале деца на патот кој водеше од црквата кон нашата куќа, а меѓу нив мојот брат.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Те гледам се молиш покрај една света рака И во копитата на коњот што го враќа твоето момче Има многу ѕвезди и – амин меѓу ѕвездите...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Туку да го сретам, а? Нешто да го видам очи в очи и да му се поклонам, а? - си кроеше Петре, гледајќи се себеси, горделиво исправен пред затворениот султански шестопрег на поминување, ама и самиот напред, меѓу носачите на царските нишани.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се љубеа долго и страсно, повторно гледајќи се, повторно љубејќи се, гледајќи се, љубејќи се...
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ја гледаш се тепа од плачење, а не знаеш зошто.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со соголувањето и дословноста на репрезентацијата на „женското“ се создава критички потенцијал со којшто се преиспитуваат симболичките конструкти како општествено и историски условени.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Гледајќи се себе таа едновремено гледа како другите ја гледаат.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Гледајте се право во очи. (Со рака одбројува секунди. По извесно време Божо ја врти главата.) Седум секунди. (Ја доведува Параскева. Исто.) 13 секунди. (Го доведува Нове. Исто.) 15 секунди.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Гледаш се руши ѕидот, во твојата душа се втиснува радосно чувство дека ќе се исполнат желбите.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Не може јунак да трае, ропство му тежи над глава, ни може мајка да гледа се в тија солзи крвави.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
И сите што го гледаат се прашуваат: зошто е сега ова плачење?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Сѐ што се гледа се продава евтино и без мака: за печени јаболка и дуњи, за небет-шеќерчиња, стопарчиња, варени компирчиња, кисели пиперчиња и друго.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Потоа полека ги подигнаа шолјите и отпивнаа, гледајќи се втренчено.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ќе се зададат од некаде, ги гледам се држат за раце и ме гледаат како да не ме познаваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Колку сум копала, не знам, ама кога се исправив гледам се примрачило.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Левтерија само принесува јадење и трпезата гледаш се полни, ќе се прејати. Од тежина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)