гледа (гл.) - нешто (зам.)

Чудно е тоа мазохистичко чуство доброволно да гледаш нешто што те труе некогаш се чуствував ко рис во кафез ко наркич што чека за метадон ред Ебати животот контаминиран човекот станува се поизолиран заробен од теве ко теле дрогиран без сива маса и лоботомиран За неколку минути се наполнив отров со мозокот удрен ко аван со толчник ми дојде сѐ преку орган полов и почнав да исфрлам редица пцовки
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
„Смит, јас тука ги издавам наредбите!“ „Да, капетане.“ „Еј, вие таму од патролата! Дали гледате нешто?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Но занесен во работата Мече ни слушаше, ни гледаше нешто друго.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Си идам јас оздола, вели, на еден жванец му ги стегав колцата, му клавав каврани, му ги опточував со шини, со обрачи и со тасои, вели, и гледам нешто ми се црнее на патот. Црно и бело заедно, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Шепотот пак се повторува. Се опулувам кон пенџерето и гледам нешто ми се привсенува, ми се помрднува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)