гледа (гл.) - некаков (зам.)

На лицето му се гледа некакво стравотно чувство на осаменост и затвореност во себеси.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Единствено можно објаснување на таа љубов спрема животните е луѓето во нив да гледаат некаква загубена слобода, дивина, анимализам итн., којашто тие самите веќе не ја поседуваат.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Иако не го гледав, чувствував дека татко ми е збунет и дека во целата наша несреќа со мајка ми, никому не му падна на памет - во тоа, што јас ја изнесов Ели од сета таа стравотија, што паѓаше и се уриваше, да гледа некакво посебно јунаштво.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
— Убава работа, но каде се излегува од Катилана? — се затапкаа сите, не гледајќи некакви можности во предлогот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Одамна го имам намислено ова, ама сам, без вас сите, не се може.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)