гледа (гл.) - неа (зам.)

Во тивки и месечеви ноќи, во времето на жетвата, луѓето ја гледаат неа во развеан бел фустан, со спуштени коси до рамената и со очи што блескаат како ламби.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не разбравме дали плаче поради зборовите на Мајка или затоа што ја гледа неа во солзи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ја гледам неа и ме префаќа смеењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И како потоа жал го притиска во душата и како пред очи ја гледа неа, сите домашни, целото село.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Не забележува ништо - не ја гледа неа таква каква беше и остана од првиот момент кога дојдоа овде: задржана, замислена, вкочанета...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И за кога ќе ја сретнам да сум сигурен дека сум сретнал вампирка, а не Митра жива.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Илко ја гледа неа, таа него, но од возбуда и среќа не можат збор да испуштат од уста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Потоа рипна, ја исече сета нејзина руба спремана за невеста, ископа гроб, вистински, и ја закопа - но не подалеку од очите, долу во оградичето: За да ѝ го гледам гробот, рече, ако не ја гледам неа жива.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)