гледа (гл.) - ме (зам.)

Девојката: Што толку си запнал да ме видиш?!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Имаш слика па гледај ме!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Цеце: Само обиди се да бидеш Џеки Чен ќе и ги извадам цревата!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Подобро гледај ме како го работам ова, можеби нешто ќе научиш, хахахаха! Смотан! 142 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Ајде, и гледај ме право в очи.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А ти, гледам, си се исушила. Држи се! Гледај ме мене, де!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Не гледај ме така, - рече Бојан. - Имам работа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Гледајќи ме строго и заканувачки, рече: - И згрешивте, многу згрешивте што божем „расчистивте” со Сталин.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Изабел којашто не престануваше да зборува како да се сепна за миг гледајќи ме така изгубена и ми рече: - Ајде да ви ја покажам вашата соба па после се друго.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
НЕДА: Не. Не. Не гледај ме. (Сета се впива во неговата прегратка.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Не гледај ме така, ти се молам. Премногу крв имам на себе за да можам сега, токму во овој момент, да се откинам од нив.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Мисловно се спореди со неговата вештачка кукла и си шепна: "Гледај ме, гледај ме!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Остави ме сега сам и не гледај ме така жалозливо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Овој енергично му ја клаваше стомната в раце. - Донеси! Не гледај ме така! Трчај!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Џемал-ага му се внурнува во лицето: „Не гледај ме така изеднички.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не гледај ме така изеднички, - Џемал-ага му се нурна во лицето на Арса.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Го гледам ме вика со прстот. Потрчувам и, трчајќи ми иди да му бацам рака, да го бацам в чело, на полите од шинелата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И не гледај ме така.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На умирање ми ја даде да му го споменувам името.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не е точно тоа дека имињата на Маргарита или Ана дојдоа подоцна или дека сега тоа е начин да ги разликувам во пишувањето, таквите нешта веднаш стануваат одлучени со самата игра, сакам да кажам дека одблесокот врз стаклото никако не можеше да се вика Ана, како што ни Маргарита не можеше да биде името на девојката што седеше наспроти мене не гледајќи ме, со погледот на црните очи загубен во тагата на тој интеррегнум каде што се чини како сите да ја консултираат зоната на визијата која не е онаа што нѐ опкружува, исклучувајќи ги децата кои гледаат право и сосредоточено сѐ до денот кога и нив ќе ги научат да се сместуваат по меѓупросторите, да гледаат а да не видат, со она пристојно незнаење својствено за секој близок привид, секој опиплив допир, при што секој е улежан во своето меурче, класифициран помеѓу загради, додека ја чува постојаноста и најмалите количества од свеж воздух помеѓу туѓите колена и лактови, затскривајќи се зад „Франс-соарот“ или џебните книги иако скоро секогаш е како сега со Ана, скоро секогаш се некои очи што се сместуваат во процепите од она што навистина може да се гледа, што се сместуваат на она неутрално и делумно тапо растојание што се протега од моето лице до лицето на човекот сосредоточен на својот „Фигаро“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не може да падне во правта гледајќи ме мене во неа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Нема да трае долго“, рече О'Брајан. „Гледај ме право во очите. Со која земја е Океанија во војна?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Овој пат нема да боли“, рече. „Гледај ме право во очите.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
ДЕВОЈКИТЕ: (Пеат тивко) Дал ми ти говорев, море девојче, не оди рано на вода, чешмите ни се, мори, далеку...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ми кажуваа дека џандарите ги бркале и ги гонеле децата со кикиритки в затвор. (Пристига група млади печалбари пеејќи): Гледај ме, гледај, либе ле Цвето!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Извади ги стаклата од очи, те помолив. Гледај ме како што си ме гледал до сега.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И гледај ме: длабоки се брчките околу моите очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Овде сте!? – се изненади таа гледајќи ме со вчудовиденост.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не гледај ме така, сине, нема ништо чудно во ова што го кажувам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ја откривам сликата од перспектива на детската меланхолија – дедо тивко се движи низ собата, гледајќи ме, потоа го раскрилува прозорецот, бучавата од улицата допира до мене, постепено, неумоливо губејќи се, тие проѕирни моменти што постојат само во еден сегмент на нашето минување, а чии траги се одблесоци, одзиви на нашата тага.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
А кој и да се смилува гледајќи ме ваква стемнета со малечко во рацете и со огромно куче крај себе!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Не сум стоел јас кога сум мочал, ти реков, тоа мора да...
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Ма не... какво соблекување... - рече тетка ми, гледајќи ме, не во очи, туку долу пред себе.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Гледајќи ме така молчеше неколку секунди и небаре не го чул прашањето, го сврте погледот и продолжи да свири. * Запис пронајден во скршена гитара
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)