гледа (гл.) - еден (зам.)

Гледаме едно дупче му подбелува на челото. Уште крв не му потекло.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој ги гледаше едно време, клатејќи глава, а после ги запраша со строг глас: – Што правите бре тука!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
16. Наѕирам низ решетките на прозорчето, свртено кон дворот меѓу бараките, и гледам една чета построени момчиња.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Додека пловеа по преполните тротоари, никогаш сосем еден покрај друг и никогаш не гледајќи еден во друг, тие водеа необична конверзација во продолженија, која блеснуваше и се гаснеше како светилката на светилник, ненадејно прекината од приближувањето на некоја партиска униформа или од близината на телекранот, продолжена неколку минути подоцна од средината на реченицата, потоа нагло пресечена при разделбата на договореното место, и продолжена речиси без секаков вовед наредниот ден.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И сега гледај една смешна ситуација: грчко-италијанскиот фронт е пред Тирана, а ваму цела Грција е окупирана од Германците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
5. Сум се потпрела на една бука и гледам еден запокажан кукурек.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја вртам главата надвор, а, како до онаму онака, гледам еден испуштен коњ.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)