Од сѐ што беше останало со години негибнато во Татковата библиотека, големата работна маса, несразмерна со големината на собата, и другиот мебел, рафтовите со Татковите книги, со истиот распоред од денот на неговото заминување, жолтата ламба, неколкуте речници на работната маса, лупите, старата машина, речиси со потиснати букви поради долгата употреба.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)