Кобнички гракна гавран, потоа веќе знаев дека со кусо и болно повторување чкрта бунарски чарк, квичи осакатен пес и се заценува дете, и сето тоа достасуваше до мене и пак се оддалечуваше, се гаснеше или тонеше во некоја тишина чии ластари се испреплеткуваа околу мене.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тоа се познатите марани, кај кои јудејството прогресивно гасне или тајно се одржува низ различни начини во текот на времињата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Зад отворениот прозорец низ кој тешко можеше да се спровре глава на дете, небото лежеше како дамка извалкан снег.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)