гасне (гл.) - ѕвезда (имн.)

Сега некој црвен виор ме буди во сонот и во пределот како во света земја гледам: не догорува огнот и не гаснат ѕвездите.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
12. А гаснеа ѕвездите и мртва светлина се будеше.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Ваша работа ќе биде навечер да ги палите а наутро да ги гаснете!“ и така тие ангелите секоја вечер, кога ќе се затемнело, никој да не ги види, ги палеле кандилата и месечината, а наутро, уште во муграта, ги гаснеле ѕвездите и месечината и го пуштале преку Земјата сонцето запалено.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)