Знае да се гали, да лизне со целиот јазик, со што предизвикува општа смеа и, исплашен кога почнува да се пука, цимуоли, се втрчува во бункерот и легнува во ќошот покрај Лефтера.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Еве го и тој втрчува во дворот.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Ели, како што само таа умееше, со целата своја веселост и безгрижност втрча во куќата од дворот, носејќи во рацете цел преграб играчки и викајќи: - Ми се јаде, ми се јаде.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Изгледа еднаш веќе имаше минато низ водата, бидејќи и пред малку, кога втрча во мојата просторија за да го објави пронаоѓањето на Пеперутката од ногавиците му се цедеше матна вода.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Кога се сети дека е ноќ се насмеа со чуден глас: - Штета, беше темнина, нели? - праша и ми ја пушти раката.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Додека го минуваше јазот доктор Јовановиќ не престануваше да објаснува дека Пеперутката е тука, покрај водата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Негде при крајот на месечевата ноќ Пеперутката втрча во мојата соба и водена од насмевката на возбудата долго раскажуваше за некое чудесно лелеење во воздухот што самата таа го чувствувала; ми ја објаснуваше состојбата на привидното летање во кое и сега се наоѓала а од кое произлегувала и оваа нејзина воодушевеност: - Виде - прашуваше таа а лицето ѝ гореше - виде колку високо се качив? Дури меѓу ѕвездите.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
„Нинче, вака не се може! Речи ми - зошто се лутиш?“ ја фати за раменици, а таа се отргна, втрча во влезот накај скалите што се спуштаат кон визба.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
И токму тогаш кога се чинеше дека непопустливоста кај Стојна надвладеала, таа му се искубе од рацете, втрча во полумрачната соба зад тремот, и речиси во истиот момент се покажа на прозорецот сосема подготвена, а веднаш потоа почнаа да го изведуваат она за што толку долго се канеа.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Во тој миг Минк втрча во кујната за да испие една чаша вода.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)