Тој дар го носеше вткаен во неговите гени, иако иверката беше далеку од својата клада.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во нејзината глава, како на разбој расфрланите зборови, почнаа да се вткајуваат во стих.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ќе ткаат килими, ќе ги вткајуваат во нив своите желби, своите соништа, своите мечти, а во тие убавини што ќе излезат од под нивните прсти некој друг ќе ужива.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Војната, окупацијата, крвниците, исчекувањето на Пролетта - Револуцијата, борбата, колективизацијата, бесмислените селски конференции, напорите на селскиот секретар Тацко Настејчин - цел еден спектар од историско социолошки премиси што го одредуваат животот и промените на нашето село во последниве дваесетина години е вткаен во лирско проѕирното ткиво на Чинговите прозни кажувања.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Лирскиот талент што го носеше во себе знаеше мошне успешно да го вткае во секоја емисија.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)