втаса (гл.) - и (сврз.)

Втасаа и другите аскери, та и чаушот; го распраша кај оди, и кога чаушот го позна кој е, го пушти со заповед да се враќа побргу, да не замркне во планината или да не ги најде комитите, та и тој да стане комита.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го чувствувам немирот, ќе нѐ втаса и нас! – Да не си наумил повторно да бегаме? – се огласи Мајка неочекувано. – Друго чаре немаме! – Како, каде ќе бегаме, црни ние!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И курирот ме втаса и ме врати. Кај Михајло Горачинов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се разбира, намерата им беше да одат кон паркот, кај козите, да ги втасаат и да ги поминат колоните војници и полицајци, да му кажат на Чанга, па да ги земат и нашите кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Можеби настаната од потребата да се поттикне јунаштвото кај борците; (нели, се зборуваше, откако успеал да ја протне бомбата низ отворот на бункерот, тој со своите гради го затнал тој отвор низ кој митралезот го бранел влезот во рудникот) а притоа творците на ова тврдење изумиле дека приказнава може да втаса и до ушите на тетка Боса Сотирова и дека тогаш јунаштвото на Благоја нема да е поттик туку ќе претставува бодеж што ќе длаби во срцето на несреќната мајка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)