Уметникот мора да се грижи за својата публика, која од своја страна ќе цути под неговата заштита, исто како и Бојс кој чувствувајќи ја топлината на своето имагинарно стадо, вистински станал здрав и независен.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Бојс, оттука, благодарение на својата фантазија, стекнал самодоверба, се тешел и конечно сам се излечил.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тоа бил облик на самооздравување во кој ги отстранил и ги превртел самопоткопувачките чувства што неговите очигледно ладни родители ги всадиле во него и кој му бил потребен како материјал за создавање сигурност.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Чедноста беше длабоко всадена во нив, како еден вид партиска лојалност.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
А некоја вечна тага се всади во моето срце и тоа лето мислам престанав да бидам дете.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
И ете, понесен од анархичниот дух што тој балкон го всадува во мене, решив да ја преземам судбината во свои раце, па конечно да ѝ пријдам на комшиката Џун.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Ова необично нешто што му се случи на Даниел, нешто што се всади во неговото битие, како некое рајско привидение, значеше сѐ.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Оној закон, што беше всаден во крвта и во секоја жиличка и во секое потреперување и на таа тупаница растреперен живот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
„Мозокот може да општи со сите системи од вредност”, објави неодамнешниот наслов во New York Times, подразбирајќи дека апстрактно-фигуративниот дуализам е всаден во мозочните неврони.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Како можеше тогаш таквиот нешто убаво да ти всади во душата, со унија да ти сипат од таквата наука - ништо не се задржува в глава, од едно ти влегло, од друго ти излегло.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Една од последиците беше оживеаната пеколна граница помеѓу Албанија и Македонија, одамна всадена во срцата на разделеното семејство од обете страни на границата, која како чудовиште се извиши од водите на Охридското Езеро и ги запираше луѓето со децении да ја минуваат.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)