врти (гл.) - по (предл.)

Камионот веќе се искачува по превоите, преслопите, врти по свијоците, нѐ занесува на кривините.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вртиме по некои улички затрупани со подадени стари куќи, готови и тие да тргнат по нас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вртиме по некој нерамен и непознат пат и сѐ наоколу ни е непознато.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас се распрашав. Велат дека тој, Јанулис, со одредот се врти по тамошните села - Јановени, Мирославица, Тухули и влашките села Аетомилица и Грамошта.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
11. Не знам колку време вртевме по Љатиф.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во единствената и голема антикварница на книги во која влегувам како во црква, со саати се вртам по тезгите и зевам по рафтовите, не осмелувајќи се да земам в раце изданија од Горки, Достоевски, Толстој.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Вртам по бараките, наѕирам, се заѕирам: секаде ми се белеат острижените глави, небаре глуварчиња.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Стана во мугрите. Се врти по куќи, мисли, размислува и сенешто и шепоти дека погреши.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)