Во главата му се вртеше филмот за Цветана Горски и за неговиот пријател, со сомнително минато, белогвардеецот Игор Лозински, којзнае како дојден во градот, па дружењето со албанскиот емигрант адвокат кој замина во Скопје со семејството?
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Патот по кој се оди до душата е тивок, невидлив како кревок раб по кој газиш додека те ниша своевиден спектакл, додека се прелистуваат сликите и се врти филмот на минатото.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)