вроди (гл.) - со (предл.)

Потоа следуваат и „вообичаените“ реперкусии за тужителот кој, нели „се дрзнал“ своите 148 законски права да ги бара преку суд: тој е викан на разговор „во четири очи“ од страна на своите претпоставени, со цел да му се изврши притисок да ја повлече тужбата; потоа, откако овие заплашувања на надредените не вродија со плод, тој е шиканиран како „нелојален предавник на фирмата“ и повеќе не му се давани никакви дополнителни ангажмани, коишто претходно вообичаено ги извршуваше и сл.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По ова, работодавачот – иако претходно е информиран за ваквиот потег кој би следувал –  сепак, беше видно изненаден кога судскиот курир му достави примерок од тужбата, заедно со поканата за подготвително рочиште.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Нивните напори вродиле со плод и во втората половина на XIX век значително нараснал бројот на училиштата.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Биле создавани неделни училишта, вечерни курсеви за возрасни, народни читалишта во Прилеп, Велес, Штип, Скопје, а во 1868 во Штип било отворено и првото педагошко училиште во Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Ние, луѓето, покажуваме сѐ само кога знаеме дека никој не нѐ гледа; од таму доаѓа филозофијата на студената страст, на помиреноста со светот без очи и слепата судбина, стратегија која редовно вродува со невиден, чудесен плод кај публиката.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Забраната на дрога не вроди со плод.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Уживањето на кокаин било дозволено во 19, како и во почетокот на 20 век, а не постојат докази дека тоа преди­звикало некаква криза.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)