- За да пиеш велат, треба нешто да те натера, вол не се врзува во празна плевна, велат, и вино не се врзува на празно шкембе, викаат...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Зашто не со зборови туку со ѕвездило таа ги пишува ѕвездите, и низ водени гласови шепти со дождот, зашто тројни јазли им врзува на болестите, и на сите уроци, уплави и нави што кружат околу твојот сон, зашто ја напишав оваа песна: лековита!
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)