врзе (гл.) - од (предл.)

Види ме мене кај сум врзан од стопана уште од темни зори, во оваа песочина и пржал, кај што нема едно коренче трева; не можеше да ме сопне барем во трњено, близу до патот, кај што има и прав - да си се потркалав за да си ги почешав саднава, што ми се отворени на плеќиве од носење песок со најголеми кобли, дури ја напраи летоска куќата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Од тоа првин почнаа сосема тивко да му потреперуваат мускулите на натколениците, за потоа тој трепет да почне да се всадува во неговите дамари и, па колку и да си го криеш и од себе си тоа, ова старче Језекил, сепак, она секогаш испливуваше во бледилото на неговото лице, при секој опорит и скочанет чекор, при секое движење, врзано од невидливите јамкишта и јазли на страот, кои го обраснуваа, обраснуваа и така прежилуваа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)