Откога видел Силјан оти не веруваат, почнал да им кажува што му правел на татка си, како го поучувал татко му и тој не слушал, како се главил со дуовникот, како влегол во морето, како се нашол на долна земја, како правел муабет првата вечер у Аџи Кљак-кљак, како му прикажувал за старецот што го отепале децата и што колнал, како излегле двата извора од кога им изумреле сите деца од големата сипаница, како се сторил штрк и си врзал шише на гуша и како патувал од штрковата замја преку широкото море, како дошол над Плетвар и го окршил шишето, та си останал штрк и си дошол дома.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Откоа виде Силјан оти не го веруаат, почнал да му кажуат што му праел на татка си, како го поучуал татко му и тој не слушал, како се главил со дуовнокот, како влегол во морето, како се нашол на долна земја, како праел муабет првата вечер у Аџи Кљак - кљак, како му прикажуал за старецот што го отепале децата и колнал, како излегле двата извора, откоа му изумреле сите деца од големата сипаница, како се сторил штрк и си врзал шише на гуша и како патуал од штрковата земја преку широкото море, како дошол над Плетвар и го окршил шишето, та си останал штрк и си дошол дома.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Силјан на селаните и видел оти ним му било како приказна, почнал да му кажуат што патил дома дури бил штрк и што видол и што сторил.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)