Во неговите очи футуризмот никогаш не беше ништо друго освен една форма на оној натурализам што Duchamp го презираше, овој пат „натурализам на механичкиот свет”, наивна и бедна транскрипција, во крајна линија заснована на ретината, со наизменични положби на еден мобил, додека Duchamp-овиот проект многу полесно е да се опише како обид да се пренесе внатрешноста на движењето, некој вид на суштинска подвижност, израз на длабокото проникнување меѓу простирањето и траењето, транскрипција на артикулацијата која ги врзува просторот и времето.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)