вреже (гл.) - крст (имн.)

И додека пред нас го ставаше слаткото од смокви, на нејзиното чело покриено со густи брчки, видов врежан крст.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Преку нив, преку субашите ги поучија другите како да се одбранат од данокот во крв - на новородените да им врежуваат крстови на скришни места, под мишките, или направо на челата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)