Убедувањето дека мораме во одредени ситуации да постапиме на одреден начин и никако поинаку, содржи во себе и барање другиот во еднакви околности да постапи исто како и ние, како и морална осуда на сите оние кои не постапуваат така.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Моралните убедувања, односно убедувањата што ги вреднуваат постапките во однос на тоа што е, во нивните мотиви и последици, добро, а што лошо, се обично посилни од убедувањата од друг вид и во судирот со нив преовладуваат, а воедно се подложни и на воопшување. Што е опасно.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Императивот на општоста на моралните осуди може во еден свет на културни разлики брзо да се преобрази во империјализам, ако обврската што ја чувствуваме кон она што го нарекуваме “наш идентитет”, во однос на другиот ја разбираме како “понуда што е невозможно да се одбие” и му ја наметнуваме без за него прифатливи причини.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)