врати (гл.) - мој (прид.)

Се разбира, дури да се вратат моите куршуми. (Го остава својот, празен, пиштол врз масата.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Пред малку, изгледа, не забележа на каде тргна, нели? - прашав.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не знаеше дека пред малку всушност се наоѓала далеку, на границата што можеме само да си ја замислиме и дека оттаму во ова време ја беше вратил мојот глас, мојот повик.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој е јунак, а ти најлошата тетка на светот, - гневно си мислев, посакувајќи да го имаме вистинскиот спреј од Љубета и да ја прснам за да заспие, па да спие сѐ додека се вратат моите од Кан.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)