И колку што минуваше времето во кошмарното патување, а тоа како да не минуваше, време со наложена жестока жед, гладта пред жедта и не се есапи, бев сè повеќе обземен од неизвесноста да се вратам жив и здрав.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Таму не најдовме што оставивме, но – најважно беше што се вративме живи и здрави.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ако се вратам жив и здрав, пак тебе ќе те земам… Се разбира, ако ме чекаш…
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Камо да помине! Да го видам син ми Коле!
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Срам ми е и пред себе да ја кажам. Дали ќе се вратам жив дома?
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
ЈАНКУЛА: Сполај му на бога што си се вратил жив и здрав.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
ЉУБА: Сосем сум спокојна. Ќе се вратиш жив.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
И враќањето беше тешко; ја минав цела Русија, цела Романија, додека стигнав овде; ме фаќаа сите болести што војните ги оставиле: тифус, маларија, грип; некои ги прележував по пат, а некои по болниците; паѓав во трески, во огнови, во несвест, но се храбрев, си давав кураж да истраам, да се вратам жив...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Метежот во Грција го однесе неговиот полубрат, а него го чувал Господ, се врати жив и здрав поминувајќи речиси половина година во пијанки горе во рамната земја, во Гаково, додека не се врза со Павлина, бележана во срцето уште од селото.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Му даде најшироки овластувања за горење, убивање, ограбување и строга заповед да не се враќа жив додека не ги покори Мариовците и не му ги доведе водачите на бунтот, Димитрија, поп Јакова и другите, живи или нивните глави.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И кога се вратив, во нашата стара куќа во која Мајка си ја беше вгнездила осамата во залезните години на животот, со насолзени очи, по неколку дена ми рече: - Сине, Бог даде да се вратите живи и здрави од туѓина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Таа знаеше, добро знаеше, силно веруваше дека големата историја Татко ја беше задржал во своите книги, во рафтовите на библиотеката кои требаа да бидат штитовите на нашето семејство, за големото спасување од историјата, за кое таа немаше моќ вистински и целосно да се спротивставува како Татко со неговите книги.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Одбери таква задача од која никој од нас нема да се врати жив.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Ретко кој се вратил жив од Беломорскиот канал.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Кажи: ништо не знам за враќањето
јазикот е последното патување од коешто
никој не се вратил
жив.
Кажи: сѐ можеби не е јазик
но се стреми да биде;
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Имало илјадници војници, резервни офицери од најразлични професии, млади татковци, сите дојдени со надеж да се вратат живи, во прегратките на своите семејства.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)