врати (гл.) - сигурност (имн.)

Стоеше колебливо еден миг, правејќи несигурни движења со рацете, а јас во тој краток момент, со онолку прибраност колку што беше можно, успеав повторно да го навлечам фустанот на себе и да си ја вратам сигурноста.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тешко се наоѓа сопствената куќа; и таа станала некако поинаква, портата од дворот како да води некаде другаде, дури влезната врата ја враќа сигурноста: конечно сме се извлекле од влажниот хаос, сме се вратиле во сигурноста на јасните предмети.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)