Со големи маки успеа утрината да му ја врати свеста.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Одвреме-навреме, кога ќе ми се вратеше свеста, слушав како бучат суви, страшни ветрови. Исто така црвени, крвави ветрови.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Оминува и одново не остава застанати покрај аксим или Капали чарши, спроти симболите што ја враќаат свеста за некогашниот деспотизам или духовно богатство на Ориентот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Врелината на коњската крв прегреана од вино го шибнала со камшик му ја вратила свеста.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Кога малку му се врати свеста, која дојде со студот што му лазеше по телото, веќе беше мрак.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Силен удар со глава. Тоа ѝ ја врати свеста и ја постави на нозе.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Крвавата рана на рамото почна да се оладува и јаката болка му ја врати свеста.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)