Распишаа местен самопридонес, собираат пари од преостанатите и од поранешните жители на Потковицата, со надеж дека можеби ќе им појде одрака да го вратат животот во неа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но иако со секое делче на душата чувствува дека настапува пролетта, дека на земјата и во Потковицата се враќа животот, внатре, во душата не му е весело.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Мене ми го вратија животот триејќи ме со снег, а другарот не се освести.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Кој ќе го плати тоа, која ли нова држава ќе ги залечи раните, кој нов пасош ќе ја надокнади загубата на детето, која државна граница може да ги врати животите, се прашувам...
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
А властите во сѐ им излегуваат во пресрет; настојувајќи преку нив да го вратат животот во Потковицата, покрај што им ја вратија нивната поранешна земја, која ја имаше присвоено Земјоделскиот комбинат од Прилеп, им придадоа и друга.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Уште од првиот ден кога дојде го нави и му го врати животот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Го носеа што побргу да го поправат, што побргу да му го вратат животот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Започна да се средува, да си го враќа животот, да дише послободно и олеснето како човек што прележал тешка болест; со Ѓупците кои се повратија и внесоа во селото радост, веселба и возбуда, започнаа и печалбарите да се враќаат заскитани по светот.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)