Првиот веќе беше под прозорецот. Тој се нафрли врз убиениот. И уште веднаш врз него наскокаа пак сите други, истрчувајќи ветерничаво од сите страни и вплетувајќи се во уште побесно клопче, од кое снегот прштеше наоколу.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Оној секако не стаса уште ни да го види откриениот опинок во снегот, сега веќе сиот закопан во јамата, што ја испрета со сите четири нозе, кога сите други наскокаа врз него во еден налет од сите страни, вплетувајќи се во едно жилаво зачекнато клопче, кое почна да се преметнува, пиштејќи со шесте различни, нападнувачки гладни и бранечки молезливи и исплашени процвичувања, уште потесно прежилувајќи ја впиеноста еден во друг.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)