вплетка (гл.) - во (предл.)

Рамката на приказната што послужила за подлога на варијациите е следнава: јунакот, „напатен човек” се вплеткува во тајна шпионска дејност (го заменуваат со вис­тинскиот шпион, шпионот во неволја му предава некаков таен документ, непредвидливо му раскажува за некаква случка и т.н.) и неправедно е обвинет за противдржавно, односно за крими­нално дејствие; освен тоа, јунакот располага со некои податоци каде да се бараат вистинските виновници (во „39 скалила” јунакот знае дека водачот на шпионската мрежа живее некаде во Шкотска, на село и му недостига делче на малиот прст на десната рака), бега и самиот се впушта во лов по него; така, јунакот се наоѓа во положба на „прогонет прогонувач”, полицијата му е постојано на трага додека самиот ги прогонува виновниците; на патот што, според правилата, го води до другиот крај на државата, го очекуваат безбројни ексцентрични настани меѓу кои особено се истакнува настанот, по кој тој се сврзува со убавата девојка која на почеток не сака да му помогне и сака да го предаде на полицијата; подоцна таа се нафаќа да му помага; случката завршува така што злосторниците се откриени, јунакот е ослободен од вината и започнува да живее со девојката.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Елена, како и Невестата, е вплеткана во една инцестуозна врска (поточно, станува збор за двоен инцест: прво со едниот од своите браќа, а потоа со Дејфоб, братот на својот прв маж); ќе ја доживее истата трагична смрт (била обесена); поистоветувана е со дрво (на Родос, Елена е почитувана под името Дендритис - божица на дрвјата): и Невестата, според зборовите на Duchamp, е “како дрво”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Отсечената глава, со ширум отворените очи, ќе се вплетка во капиновата грмушка. - таму, попрскана од црвениот сок на плодот, но сочувана, ја пронаоѓа Мајката, ја спојува со трупот, и како што Морија го воскресна Лидиецот прекрасниот брат Тајлос, така и таа ќе го исцели сина си, ставајќи му под ноздрите срцевидна трева.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Да се вплетка во него, да се проткае пајажинесто ширејќи ја својата прекарасна аура на бесконечното творење.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Приказната за Елена, преубавата ќерка на Зевс и Леда, содржи изненадувачки поклопувања со приказната за Невестата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не веруваше дека козјото прашање толку многу ќе се вплетка во политиката, дека ќе се „интернационализира”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)