Додека Декарт се впишува во долгата традиција мислители коишто човека сакаа да го направат господар на природата, Спиноза опстојуваше на тоа дека „нашето“ тело е нејзин безгранично малечок дел којшто сосема е зависен од неа.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Кога зборува за природата како за еден поединец, Спиноза потполно јасно го концептуализира 38 okno.mk она што денес глобалистичката екологија го зема за свој слоган: мавтање на крила на пеперутка во Кина може да ги афицира „нашето“ тело и свеста која мора да перципира сè што се случува во „нашето“ тело, за да произведе идеја за таа телесна афекција, идеја која ќе ја смали или зголеми нејзината сила.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Почитувана госпоѓо Лејбовиц, уништувањето и ликвидацијата, без оглед дали потекнуваат од прастарата опсесија, од идеолошкото замрачување на умот или од трибалниот антагонизам, се впишуваат во мрачната традиција на омразата, на непријателствата, но и на хаосот кој владее во овој регион.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)