Снеже прва го впери погледот во Рада која како случајно ѝ прати една дискретна насмевка на што следеше реакција на средовечната дама.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Не одведоа и мојата мајка и сите мајки на сите деца останаа со празни скутови и прегратки и со секогаш вперен поглед на патот по кој не одведоа и постојано и без престан ќе мислат дека токму по тој пат ќе им се вратиме...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
По шест месеци, тие кои го казнија, убедени дека е превоспитан, го вратија во единицата во која се најдоа и други како него – со вперен поглед во иднината и со главите полни со правди што одвај ги разбираа, ама воодушевено и во доверба ги проповедаа...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Шифрантот Иваз го впери погледот кон моето ливче и со строг израз на лицето ме праша: - Каде го запишувавте на ова ливче?
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Исмет го допи чајот. Ја помести чашата и го впери погледот во нас. Долго и замислено нѐ гледа...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)