воспостави (гл.) - во (предл.)

Пушење. Во оваа група спаѓа и Shoulder, како и Space (“крупен план на шанкот на бифето додека рацете од време на време ги преместуваат чашите, а пригушената конверзација се слуша од позадината”).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Најинтригантен однос со протагонистите Ворхол воспостави во својот среден период.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Дистанца спрема телото во дваесеттиот век почнува да се воспоставува во авангардните движења од почетокот на векот, најнапред со радикалните стремежи кон дисциплинираното, униформирано и потполно тело на еден автомат или визуелна структура, подоцна со хепенинзите и перформансите од шеесеттите и седумдесеттите, кога на сцена се изложува телото на екстазата (коешто исто така е некое друго тело) и воедно се задира во него (SM перформансите на na Gina Pane, Chris Burden, Orlan итн.).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
По ова, Јаневски не можеше да си го наплати своето парично побарување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Разочаран од самиот судски систем, а и од целокупниот институционален систем воспоставен во државата, тој не ја гледа добивката од сето ова и вели дека во иднина, доколку би имал повторно прекршување на неговите работнички права, тој воопшто не би 239 покренал судски спор!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, да биде иронијата поголема, пресудата не можеше да се изврши, првенствено поради должината на судскиот спор – кој траеше речиси две години, а за кое време газдата го ликвидираше трговското друштво „Јасмина“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
VI. И да не оставиме никаква можност за немир и спорови меѓу нашите поданици, дозволивме и дозволуваме на сите припадници на споменатата вера, што се прогласува за реформирана, и инаку се однесуваат според она што е запишано во оваа одредба, да живеат и да бидат настанети во сите места и краишта на нашето кралство и земјите што ни се покорни, без да бидат малтретирани, навредувани или да бидат присилени да сторат какво и да е верско дејание спротивно на своето убедување, ниту да бидат заради тоа барани во својот дом или таму каде што сакаат да живеат. (...)
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
III. Одредуваме католичката, апостолската и римската вера повторно да биде воведена и воспоставена во сите краишта и места на нашето кралство и земјите што ни се нам покорни, каде што беше нејзиното делување прекинато, и затоа така мирно и слободно ќе се изразува без каква и да е тешкотија или пречка... okno.mk | Margina #32-33 [1996] 94 (...)
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
XVIII. Им забрануваме на сите наши поданици, без оглед на нивната положба или професија, со сила или заведување против волјата на родителите да ги одведат децата од оваа вера и да ги крстат или да ги потврдат во католичка, апостолска или римска Црква; подеднакво важи и за припадниците на споменатата Црква, што се прогласува за реформирана, за сите се предвидени егземпларни казни. (...)
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)