возврати (гл.) - таа (зам.)

„И ти си љубен мој“, возврати таа, погалувајќи го по лицето со бескрајна благост.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
- Не претерувај – реков. – И не мора да ми кажеш, јас само така ... оти забележав дека си тажна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Добра ноќ“, рече тој по неколку мига. „Добра ноќ“, возврати таа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Има светлина од ѕвездите“, возврати таа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Е, па, ако знаеш, тогаш знаеш и кого чекам – не баш љубезно ми возврати таа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)