води (гл.) - свој (прид.)

Командниот состав, борци очеличени во времето на италијанската и германската окупација, некои со завршени подофицерски школи, други само со основно или гимназиско образование, ги водеа своите одреди против полковници и генерали.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ќе го водам својот народ за рака додека е сигурен дека го знае патот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И каде сега да го води својот народ, каде да го упати...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Бидејќи освен да водат љубов, сакаа и да: го водат својот живот заедно, своите деца низ животот, себе да си оставаат слободен простор...
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Бешир вешто стигна на одреденото непознато место, возејќи крај морето, минувајќи првин крај претседателската палата, па кон монденските Ла Марса и Гамарт, во точката на просторот каде што беше договорено да ме чекаат Палестинците, за да ме одведат до скривалиштето на Јасер Арафат, каде што пред неколку месеци му ги предадов акредитивните писма со кои станував амбасадор во земјата која постоеше најмногу во цврстата решеност, во желбите и замислите на Јасер Арафат! Во смислата на неговиот живот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
При секоја средба со палестинскиот водач не престанувам да си го поставувам прашањето: кој беше вистински и суштински овој човек што со својот човечки живот, лимитиран со време и моќ, да ја води својата, на моменти донкихотовска борба за создавање на независна Палестина, и кој си го беше жртвувал однапред животот за големата цел!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Прозорците на Гнездо се отворија; стоевме крај решетките и гледавме како вратата од болницата се отвора и како двајца силни мажи ја водат својата сестра.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа беше во ноќница, по влечки, и додека така се мафташе меѓу нив двајцата, од нејзините џебови испаѓаа коњчиња, цветови и ангелчиња од дрво.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во годините кога Татковата болест и немоќта поради староста го намалуваа маневарскиот простор за неговите големи балкански пориви да го води своето семејство, со кормилото на судбината, кон исток или кон запад, но и поради закоренувањето на постарите синови, со нивните семејства, во овдешниот живот, Мајка небаре се чувствуваше задолжена да ја преземе грижата не само за Татковото здравје, кој остануваше опкован со своите книги, туку и за стратегијата за натамошното спасување на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)