Прв одеше и екипата ја водеше снимателот, во износени гојзерици и голф - панталони; од рацете не го испушташе пусулчето, во кое му беа забележани пунктовите што му ги беше издиктирал режисерот за денешното снимање; а на вратот му висеа и се клатеа, на одделни предени врвки, зухерот и светломерот, како две амајлии.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)