Поза
Додека месечината од мракот
парампарче прави во нас
несвесното е распослано
како освојувачот пред Рим
кајшто сите патишта водат
тој што во тебе бара
сличности
со историски ликови
фрески
соѕвездија
твој домородец е
варварин биди
испади го
биди
на оваа гозба нема
ни мудрости ни шлаканици
ќе се сликаме голи и гладни
додека ги јадеме
животот
и лебот на љубовта
и за твојот и за нивниот
мирен
сон.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Наеднаш му се стори дека од збор до збор го водел тој ист разговор, на истото место.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)