Како што животописот на Никола Поцо пишуван со раката на извесен учител носи во себе само привид на објективност кој се открива дури кога Башевски ќе воведе и други, наводно историски документи кои го побиваат ракописот, така и другите субјективни раскажувачи во романот, раскажувачи на кои не може да им се верува докрај, се препознаваат и се проѕираат дури во судирот со другите нараторски гласови.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Но, од друга страна, периодот до кој работничката не смее да работи подолго од полното работно време или ноќе е намален „до навршувањето една година на детето“, наместо до навршувањето на две години, како што беше претходно (чл. 67, ЗРО/03 – Пречистен текст и чл. 164, ЗРО/05); в) евидентно зголемување на правата се случи кај малолетните работници (кои не наполниле 18 години живот): • прво, покрај постоечката забрана за прекувремена работа, се утврди и општа забрана на ноќната работа за малолетници, а не како порано – кадешто оваа забрана важеше само за работи во областа на индустријата, градежништвото или сообраќајот (чл. 73, ЗРО/03 – Пречистен текст и чл. 175, ЗРО/05); • второ, се воведе и дополнителна низа забрани за тешки физички работи, работи кои се вршат под земја или под вода, работи со извори на јонизирачко зрачење и други работи кои можат штетно и со зголемена опасност да влијаат на здравјето и здравствениот развој – со оглед на нивните психофизички специфичности (чл. 173, ЗРО/05); • трето, на вработените малолетници им се даде и зголемен годи- шен одмор за седум работни денови (чл. 176, ЗРО/05); 31 г) за прв пат се воведе и специјална заштита за повозрасните работници – и тоа оние кои имаат над 57 години старост – за жени и над 59 години – за мажи (чл. 179, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Така, покрај веќе постоечките дотогашни, законски предвидени, видови работен однос (на неопределено време, на определено време, работен однос со приправници и работен однос надвор од просториите на работодавачот) – беа воведени и следниве можности: а) договор за вработување со скратено работно време кај еден работодавач – кога работникот работи за време кое е пократко од полното работно време кај работодавачот (чл. 48, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Во 2007 година е воведено и работно ангажирање за извршување на јавни работи, сезонски работи и други повремени работи на корисниците на социјална парична помош.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)