внесе (гл.) - нов (прид.)

На поголемите станици се чека подолго: се вадат мртвите од вагоните, се внесуваат нови ранети; сламата од мртвите се вади и се гори.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Дишан темелно ги разработил реди-маде, и самото негово творење за него претставуваше еден вид рандеву: ...планирањето на моментот што доаѓа (тој и тој ден, датум, момент) за да се внесе нов реди-маде. 1916 година, тој напишал серија од четири разгледници, во кои ја следеше веќе постојаната синтакса, но, сепак ги измени зборовите, така што резултат на сето тоа беа реченици кои немаа никакво значење.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сега влегуваме во нова фаза, на отворање кон јавноста, и тоа е важно бидејќи внесува нови елементи во многу ригидната расправа за медиската политика, пристапот кон телевизијата, влијанието врз законите за медии и слично.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Чикатило (заедно со George Bush) не само што му зададе последен удар на комунизмот, туку внесе нов, политички аспект во софистицираната американска канибалистика на „тивките јагненца“ и „американските психопати“.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)