Сета љубов, која ја имаше во длабината на својата душа и која цел живот им ја подари на своите чеда, кои беа заминати на разни патишта и постови во животот, а јас на најдалечните, ја вложуваше во своите цвеќиња на Балканот. Сакав да го надминам значењето на моите зборови, упатени до мојата мајка, на другиот брег на Медитеранот, да го напишам најубавото писмо што еден син го напишал на една мајка.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но, сепак, втората инјекција му донесе нови извори енергија која продолжи да ја вложува во работата врз сиџилите...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)