влече (гл.) - назад (прил.)

Јас трчав кон тебе да ти помогнам, да те истргам од тука, но како што чекорев напред, нозете ме влечеа назад.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ме мами и ми бега, ме влече назад во претседателската фотеља.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Зуи внатре шармантниот шум на душата ја влече назад но таа по сѐ изгледа ќе стане од леглото и - по кој знае кој пат - ќе се врати во стварноста без лажна надеж.  За жал, добата на лесно самозаблудување за неа е далечно Минато.  Депресија: квечерина  Раз-сони се.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Мислата влече назад во времето одминато што сал за миг се претвора во јаве, живнува празнината и ги разбудува спомените кои небаре врзани во синџир надоаѓаат, стегаат, гребат, толчат, гмечат, жежат и навејуваат тага.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)