влезе (гл.) - дома (прил.)

Влегов дома, стресен. Направив два-три круга во собата. Не бев во состојба да застанам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ме видоа како се качувам по скалите да влезам дома и Џорџ ми довикна. „Еј, Симон“, вели, „не роди врбата!“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Потоа ќе влезеше дома и долго на балконот Го полеваше цвеќето, ги забришуваше неговите листенца И на крајот ќе седнеше да испие кафе со младата домаќинка.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Или, Господ да те чува тој да ти влезе дома кога нема никој.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- Да влеземе дома – рече домаќинката и тргна пред нас.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога влезе дома, ја слушнав како вика: „Бате, ела, дада ти купила нешто! Набргу излегоа. Малечкото водеше за раче.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
- Ами влези дома, велам, повели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го прочита два пати... Не влезе дома.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Види си рожбата, будала една, немој токо влачиш в'на со умот. И си влезе дома да си го види детето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Утре дојди да ти раскажа шо те интересуа, — ѝ одговори кратко Тода и си влезе дома да види дали ѝ се вечерани и заспани децата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така се разделија нашите водарки — една лево, друга десно, а Бојана си влезе дома од малата врата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Стасаа дома. Трајче го внесе коњчето во ќералчето и влегоа дома.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Ама мајсторски измислиле да се извлечат! - рече Трајче и влезе дома.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ѝ кажала Неда оти клопчето ѝ загинало дури влегла дома и излегла, ѝ го зел некој.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Трајанка тукушто влезе дома и тукушто почна да ѝ кажува на мајка си што се случило, одајата се наполни со жени и деца кои сакаа да разберат сѐ.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И како секогаш откако нешто ќе стореше за Лумана, влезе дома посрамен.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И он отишел, влезнал дома, и скоро земал тефтеро, и видел жената на господаро курвила сос еден измеќар. Ама не гледал на них.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Стана и влезе дома. Во топлата одаја го разбива мракот малендавото кандилце чие пламенче трепери пред ликот на Богородица - иконата стара што од памтивек виси во ќошот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Веќе беше наближана полноќ кога влегов дома.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си влегоа дома, си седнаа и таткото сѐ по ред ѝ раскажа на Билјана за детето што се викаше Цане и што сакаше да го купи автобусот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Само што влегоа дома, се разнесоа радосни викови.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Јас ќе ти донесам, - рече Билјана и влезе дома.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Какви ти се тие задачи? – го прашав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Еден од тие денови, кога моето истражување го прогласив за завршено, ѝ реков на мајка ми, само што беше влегла дома од работа: - Бидете без гајле, вашиот син не пуши! – и задоволно и гордо, значајно погледнав во неа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тетка ми навредено и налутено замолчи и си влезе дома.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Молам?! Што рече?! – праша таа изненадено.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)