влее (гл.) - во (предл.)

Татко веруваше дека потрагата на Сокол Мечевски ќе ја влее во сопствената и, така, полесно ќе стигне до тајната на семејството на Окијаровци.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Како што во песните од „Две тишини“ за првпат во творештвото на Поетот каменот (о)станува сал камен, така и воведните есеи допуштаат птицата на песната да слета на зборовите уште пред да се „опеснат“, фрлајќи сенка врз сѐ што се премолчало, што истекло од мислата, а не се влеало во зборот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
А да си останат османизмите кои фатиле корен во нашите јазици, се влеале во крвотокот на секој јазик, како што обично велиш.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Историјата бездруго познава такви табиети од најстарите времиња до денес.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но поради фактот што обајцата беа родени во времето на оваа империја, и годините на детството и младоста ги поминаа во времето на Империјата, како сведоци на нејзиниот крај, не можеа да не дејствуваат во борбите да не превладее реваншизмот и да не започне војна против сите вредности, меѓу кои, не малку од нив беа влеани во нивните архетипови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но најопасно е кога кај човек од неговите длабини, од инстинктите ќе се влее во неговиот табиет амбицијата да владее со народот, со светот, небаре до крајот на времето!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сето она што ние гоправиме е спротивставено на тенденцијата кон зголемување на веројатноста, но сето тоа - веројатно - ќе се влее во заборав.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Требаше да го смирам одот, да се влеам во овој источен ритам на живеење, во оваа чудесна земја, задржана како грозд на убавиот Медитеран, каде што и државните удари се одвиваа мирно.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пред него трепери сенка на еден од двајцата и, долга како кутнато стебло, минува преку неговите нозе за да се влее во темнината како река в недогледно море.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Влегов во салонот сиот бесен што дозволив да ме довлечкаат на таа сенилна седенка од ислужени политичари и патриотари, згнасен од нив и цврсто решен да се опијам до бесвест...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Се бореа знаците на хартијата што ја подјадуваше времето, како последни сигнали на исчезнатиот живот, со последната порака да се влеат во иднината на потомците.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Познато ви е, нели, дека и најмалиот поток никој не го води, никој не му одредува патека по која ќе се движи, а сепак слегува во долината и ќе се влее во големата вода.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Неосетно оставив и моите размисли да се влеат во молкот на лицемерно- растревожениот собир.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И обајцата, како да имале некаков историски долг да се влеат во патријархалната тврдина, да си имаат во неа заедничко одајче, како во кула, од кое ќе го гледаат ограничениот бескрај на Езерото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)