- Миланче, - вика Боце, - ела избричи го човеков! Миланче ги остава полека земените фигури од скутот на клупа и влегува внатре.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Таа воздивна, влегувајќи внатре:
„Мурат-ага. Ќе имаме мака со него, како ми се чини.“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Го запирам автобусот и влегувам внатре.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Жените тогаш се собирале пред куќата на мајка му, влегувале внатре и молчејќи ја жалеле; тоа станувало оние денови, кога ќе се расчуело дека го носат врзан. Било заради кражба.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И не помина многу време, мајка ми се затвори еден ден во одајата и ни забрани да влегуваме внатре.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Вратата се отвара и двајцата влегуваат внатре.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Грета ја подига раката и таксито застанува.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
- Мамо! - ѝ довикнав во моментот кога влегуваше внатре.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Натоварен, Грдан влегува внатре наведнат, но и тогаш таа не се буди - кога ќе ја фати перницата, ни топ не ја буди.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Аман Викторија, ме прекинуваш! Не гледаш ли дека имам работа!
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Понекогаш се смрзнуваме на ѕитчето и целите студени и вкочанети влегуваме внатре за да се стоплиме.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)