Мита наведна глава и молчешкум, со поглед на осамена срна, се загледа зад себе, во изодениот пат, во она што е нејзино вчера и вели - повторува: - Нѐ подбра тркалото, нѐ вкова во себе и со секое вртење ни го мери - измерува животецот, поначесто земајќи делче од нас, капка или цела локва крв изсцедува од нашите жили...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Погледот кренат нагоре, небаре вкован во еден од неделканите борови трупци, траеше во покорно исчекување.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
А таа слика, таа глетка на трчање зад камионите, тој плач, таа болка, тие викања ми се вковаа во паметењето и сега споменот налетува, надоаѓа како бран, како рој, живнува, гори, жежи, се нижи збор со збор, вик со вик, плач со плач, солза со солза, издишка со издишка се врзува во синџир, се втиснува, стега, гмечи и боли...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Таа ноќ месечината имаше боја на топол и светлив килибар и без престан се огледуваше во нашите очи вковани во бескрајот на ѕвезденото небо.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Сал за краток миг прекинуваат и само толку, колку за да земат здив, колку за да падне песната во уво, да се вкови во душата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)