вклучи (гл.) - телевизор (имн.)

Татко ми ќе си зборува, јас ќе кимам со главата, потоа ќе оди да си легне по ручекот, а јас веднаш ќе го вклучам телевизорот. Многу просто.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ја отворив портата позната, ги собув патиките, си отворив едно ладно, скопско, фридижирано пиво, се истегнав на фотелјата, го вклучив телевизорот, потегнав една добра, долга, рамнодушна голтка и ждригнав во моментот кога на екранот Боги запали цигара, вртејќи му го грбот на авионот кој заминуваше некаде далеку, многу далеку.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Едно време Рик го вклучи телевизорот и ги гледаа последните два периода од натпреварот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Гитаристот тоа го игнорираше и го вклучи телевизорот под олтарот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тоа ги возбуди околните икони кои во благ, ритмички занес се исповраќаа по подот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ме обзеде ненадејна тегобност па се вратив дома, ги спуштив ролетните и го вклучив телевизорот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Пристигнувајќи дома, откако ја облече својата домашна бањарка во која велеше дека се чувствувал како Стравински, (ма, сигурно ќе се отарасеше и од неа, само да станеше шофер) го вклучи телевизорот за да ги чуе најновите дневно- политички теми, кое беше еден од неговите омилени ритуали.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)