И додека тој ја витка цигарата, се разлеа воздишка - ноќно мечтаење на полна месечина: Дојди ми Магде, твојто бело лице, твојата рамна снага само те Магде мори сонувам...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Седна на прагот од влезот на својот офис и почна да витка цигара.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
БОРИС: Ќе ме извиниш Алексеј, процедура е процедура. (Американецот витка цигара. Забавна му е новонастанатата ситуација.) Хашиш?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Бидејќи мајка ѝ запре да и дава пари, цигари позајмуваше од Ирина, а кога немаше и таа, тогаш собираше догорчиња по тротоарите, го вадеше тутунот од нив и виткаше цигари.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Ја витка цигарата, ама несигурно. Рацете му се тресат. Тутунот му игра на книжето, меѓу прстите и му се подистура.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Дуко си ја обришува устата со рака, и почнува да витка цигара.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Витомир витка цигара, ја лигави, ја залепува и ја става на уво.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А Витомир уште со прво се фати за тутунот. Само витка цигара за цигара и само чади. Чади и јаде.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)