виси (гл.) - негов (прид.)

Непрестајно му се појавуваа слики една од друга почудни: ту го гледаше Петрович и му порачуваше да му направи шинел со некакви си стапици за крадци, коишто постојано му се привидуваа под неговиот кревет, и тој постојано ја викаше газдарицата да го извади крадецот дури и од под јорганот; ту прашуваше зошто пред него виси неговата стара риза, кога тој си има нов шинел; ту му се чинеше дека стои пред генералот сослушувајќи го соодветниот прекор, и дека постојано вели: „Извинете, ваше превосходство!“ – најпосле, дури и пцуеше, изговарајќи најстрашни зборови, така што старата газдарица дури и се крстеше, зашто никогаш не беше слушнала од него ништо слично, дотолку повеќе што овие зборови следуваа непосредно по зборот: „ваше превосходство“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И нема училиште во Костурско во кое не виси неговиот портрет.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во воздухот виси неговата десна рака во чија дланка беа исправени сите прсти освен средниот кој покажува право во лицето па инструкторот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога стасаа другите двајца, Змејко веќе седеше крај печката, направена од големо бензинско буре, што се разгоруваше, а на ѕидот од греди висеше неговата пушка, сосема сува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Најпосле, кутриот Акакиј Акакиевич испушти душа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)